Економија

Денеска во Лондон ќе биде потпишан договорот за стратешко партнерство

22.05.2025 08:32

Во Лондон ќе биде заверен договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и Обединетото Кралство, со кој нашата држава добива на располагање историски најголем износ на шест милијарди евра...

Денеска во Лондон ќе биде заверен договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и Обединетото Кралство, со кој нашата држава добива на располагање историски најголем износ на  шест милијарди евра кои ќе бидат потрошени во инвестиции кои ќе носат додадена вредност на Македонија. 

Спогодбата ќе ја потпишат заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас.

Посетата на британската метропола, Николоски, кој ја предводи владината делегација во која се и заменикот на премиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски, официјално ја започна вчера со средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање (УКЕФ) во британското Министерство за финансии.