Грција
Земјотрес од 6,1 степен ги погоди грчките острови Крит и Санторини
22.05.2025 09:40
Епицентарот бил на околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион. Нема информации за повредени или материјална штета...

Земјотрес од 6,1 степен по Рихтер ги погоди грчките острови Крит и Санторини. Епицентарот бил на околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион. Нема информации за повредени или материјална штета.
Европските власти издадоа предупредување за можно цунами во делови од Грција, Турција, Италија, Франција и Португалија.
Регионот околу Крит се смета за една од сеизмички најактивните зони во Европа, поради сложениот тектонски судир меѓу африканската и евроазиската плоча.
