Нетанјаху: Израелската војска веројатно го уби лидерот на Хамас
Во Газа сè уште има 20 живи заложници, 38 се мртви. Израелската војска веројатно го убила Мохамед Синвар, лидерот на Хамас и брат на убиениот лидер Јахја Синвар, изјави Нетанјаху...

Во Газа сè уште има 20 живи заложници, 38 се мртви. Израелската војска веројатно го убила Мохамед Синвар, лидерот на Хамас и брат на убиениот лидер Јахја Синвар, изјави Нетанјаху. Тој рече дека Израел има организиран план за постигнување на воените цели во појасот.
Израелскиот премиер обелодени дека преку план од три фази ќе се дистрибуира основната храна за цивилите во енклавата, изјави премиерот Нетанјаху.
„Подготвен сум да ја завршам војната, но со јасни услови што ќе ја обезбедат безбедноста на Израел. Сите заложници се враќаат дома, Хамас го предава оружјето и ја напушта власта, нивното раководство е протерано од Газа, или она што останало од нив и Газа е целосно ослободена од оружје, а ние го спроведуваме планот на Трамп. Тоа е добар план и прави разлика. Жителите на Газа кои сакаат да заминат можат да си заминат“, изјави израелскиот претседател, Бенјамин Нетанјаху.
Нетанјаху ги критикуваше Европа и Обединетото Кралство за санкциите, откако во вторник, Лондон ги прекина разговорите за слободна трговија, а Европската Унија најави преиспитување на договорот што ги регулира трговските врски на Брисел со Тел Авив.
