САД
Трамп му пушти на Рамафоса видеа за геноцид врз белците во Јужна Африка
22.05.2025 10:59
Шефот на Белата Куќа, Трамп му приреди непријатно изненадување на јужноафриканскиот претседател Рамафоса за време на средбата во Овалната соба...

Шефот на Белата Куќа, Трамп му приреди непријатно изненадување на јужноафриканскиот претседател Рамафоса за време на средбата во Овалната соба. По пријателскиот почетен разговор пушти видеоснимка за која тврди дека докажува геноцид врз белците во Јужна Африка.
Рамафоса го оспори тврдењето и побара повеќе детали за видеото и локацијата. Трамп и неколку членови на неговата администрација, вклучително и советникот роден во Јужна Африка, Илон Маск ги обвинуваат јужноафриканските власти за прогон на белото малцинство. Преторија остро ги отфрла ваквите наводи.
