Искуствата на „Ломоносов“ во Македонија

17.12.2013 13:21

Министерот за здравство Никола Тодоров и ректорот на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски,како и деканите на Медицинскиот  факултет во Скопје  Никола Јанкуловски и за медицински науки ,,Гоце Делчев“ во Штип  Рубин Гулабоски,  се во дводневна работна посета на Руската федерација за да потпишат договор за соработка со престижниот Универзитет,,Ломоносов“.  Денеска ќе се сретнат со ректорот на Московскиот државен универзитет Виктор Антонович Садовничи.

Министерот за здравство Никола Тодоров и ректорот на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски,како и деканите на Медицинскиот  факултет во Скопје  Никола Јанкуловски и за медицински науки ,,Гоце Делчев“ во Штип  Рубин Гулабоски,  се во дводневна работна посета на Руската федерација за да потпишат договор за соработка со престижниот Универзитет,,Ломоносов“.  Денеска ќе се сретнат со ректорот на Московскиот државен универзитет Виктор Антонович Садовничи. Договорот овозможува академска соработка на професори, додипломци и постдипломци во образовниот процес, како и за научни истражувања. Ќе се отвори можност за развој на наставните планови, зајакнување на наставата и на истражувачките активности на институциите.

Утре министерот Тодоров има средба со руската министерка за здравство Вероника Скворцова.