Институт за микробиологија: Сите бактериски соеви се индентични, припаѓаат на ист клон листерија

14.08.2014 12:19

Во изминатите 12 недели, на Институтот за микробиологија се изолирани 10 бактериски соеви на листерија од 9 пациенти кои беа хоспитализирани на инфективната и на детската клиника. Универзитетските клиники за инфективни и детски болести.

Изолацијата и идентификацијата на бактериите е направена со референтни лабораториски методи. Сите бактериски соеви се испратени на понатамошна молекуларна типизација на скопскиот Ветеринарен факултет.

Според официјалните информации од Факултетот сите бактериски соеви се идентични и му припаѓаат на еден ист клон на бактеријата листерија.