ДЗР констатираше неправилности на Хематологија
ДЗР по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за хематологија на сметката за средства од Фондот (737) за 2023 година изразува неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за хематологија на сметката за средства од Фондот (737) за 2023 година изразува неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година.
„Извршена е ревизија на финансиските извештаи и за усогласеноста со законите и прописите за 2017 година и изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива“, соопшти денеска ДЗР.
Со ревизијата, како што е посочуваат од ДЗР, било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2017 година, при што било утврдено дека од дадените пет препораки, три се спроведени, една е делумно спроведена и една препорака не е спроведена.
Во насока на надминување на утврдените состојби ревизизорите дале препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.
