Австралија

Незапаметени поплави го зафатија источниот брег на Австралија, најмалку две лица загинаа

22.05.2025 19:45

Делови од Австралија се зафатени од изобилни дождови кои се очекува да продолжат и наредните денови...

Незапаметени поплави го зафатија источниот брег на Австралија. Најмалку две лица загинаа, а три се водат за исчезнати.

Спасувачките екипи тврдат дека повеќе од 500 луѓе биле спасени од погодените подрачја.

Делови од Австралија се зафатени од изобилни дождови кои се очекува да продолжат и наредните денови. Повеќе од 50.000 луѓе добиле предупреддување да бидат подготвени за евакуација.