Каја Калас денеска во Белград, утре доаѓа во Скопје
Каја Калас утре доаѓа во Скопје. Таа за време на посетата на Македонија ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски, а заедно со шефот на дипломатијата Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија...

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас утре доаѓа во Скопје. Таа за време на посетата на Македонија ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски, а заедно со шефот на дипломатијата Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија.
Ваквиот чекор следува по склучувањето на билатералниот договор за партнерство во ноември лани. Калас кај нас ќе има средби и со претставници на младински и студентски организации.
Високата претставничка на ЕУ денеска е во соседна Србија.
