Кирило-Методиеви научни средби
Во пресрет на Денот на сесловенските просветители, во Скопје отворени вторите Кирило-Методиеви научни средби...

Светите браќа, Кирил и Методиј не се само духовни светилници, туку и културни основоположници на сето она што денеска се нарекува словенска писменост, со што, тие оставија вечен белег во историјата. Ова беше кажано на вторите Kирило-Mетодиеви научни средби, кои се одржаа на Богословскиот факултет во Скопје.
Со првоучители како светите браќа Кирил и Методиј, Македонците се благословен народ, рекоа учесниците.
Неопходно беше воспоставување на ваков научен традиционален форум, кој ќе го реконструира делото на светите браќа и повторно ќе ја испрати фундаменталната порака на нивната мисија, која и денеска е особено релевантна за Европа, со оглед на политичката инструментализација на наративот за нив и претензиите за национална ексклузивност на нивното наследство.
Марија Котовска
