Интеграции

Калас во Скопје, Мицкоски не прифаќа ултиматуми

22.05.2025 17:16

Што може да очекува Македонија од посетата на високата претставничка Калас? Како да се надмине блокадата на евроинтегративниот пат? Премиерот Мицкоски категоричен – ултиматуми не прифаќаме…

Останува цврстиот став на Владата и премиерот Мицкоски дека под уцени нема ништо да биде прифатено во однос на уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот.

Шефот на Владата овој став го повтори на ден пред посетата на високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас за која рече дека имаат исклучително добри односи. Укажа дека сме првата држава од регионот која го потпиша договорот за заедничка надворешна и безбедносна политика со Унијата. Уверен сум, вели Мицкоски дека Европската унија ќе најде решение, механизми да го добиеме заслуженото место.

Минатата седмица во земјава престојуваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој посочи дека сега земјата треба да го исполни договореното за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, план „Б“ нема, дециден беше Кошта.

Калас во земјава доаѓа по посетата на соседна Србија. Што носи во нејзиниот багаж од пораки за земјава, останува да видиме.

Миле А. Ристески