Велес

Санацијата на мостот кај Башино Село ќе заврши во предвидениот термин

22.05.2025 15:10

Додека привршува санацијата на оштетениот мост на реката Вардар кај Башино Село, близу Велес, се работи на техничката документација за изградба на нов мост, кој ќе биде 50 метри јужно од постојниот. Доколку сите рокови се запазат, новиот мост би почнал да се гради крајот на септември, а наскоро треба да се распише јавен повик за изведувач на градежните работи.

Санацијата на мостот кај Башино Село, на влезот во Велес, ќе заврши во предвидениот рок, крајот на месец јуни. Градежните работи започнаа на 21 март, со најава дека ќе траат три месеци, кажа Коце Трајановски директор на ЈП државни патишта. Мостот бил оштетен од временските услови, со петдецениското користење, бидејќи тој е изграден 1971 од ЈНА како времен. Во овој период досега не биле завршени никакви зафати. Се работи и на документацијата за изградба на нов мост.

Новиот мост ќе биде 50 метри јужно од постојниот. Во следниот период треба да се распише јавен повик за изведувач на изградбата на нов мост.

Носивоста на реконструираниот мост на Вардар кај Башино Село ќе биде иста како и до сега, возила до 40 тони тежина. Со добро одржување тој ќе може да се користи и повеќе од предвидените 10 години.

 

Петар Печков