Објавен огласот за закуп на деловен простор во катната гаража „Разловечко востание“
Станува збор за вкупно 3.250 квадратни метри атрактивен простор во централното градско подрачје...

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор објави оглас за потенцијалните закупувачи на деловен простор во новата катна гаража „Разловечко востание“ спроти градскиот трговски центар.
Станува збор за вкупно 3.250 квадратни метри атрактивен простор во централното градско подрачје.
Директорот на претпријатието Цветко Грозданов истакна дека цената ќе биде пониска за 20 проценти во однос на околината и очекува интерес од компаниите, бидејќи станува збор за нова градба која ги исполнува сите стандарди и што ќе може да се адаптира согласно потребите на компаниите.
Грозданов ги повика заинтересираните да се јават на огласот за да може да се планира просторот и соодветно да се раздели согласно нивните потреби.
Од 3.200 метри квадратни деловен простор четири се на приземјето, а другите 2.900 метри квадратни се распоредени на другите четири ката.
Интенцијата е да ги дадеме под закуп, но доколку има интерес може претпријатието да одлучи дел или целосно да го продаде на одреден правен субјект на јавна лицитација, изјави Грозданов.
Тој додаде дека се уште не може да ја каже цената бидејќи таа зависи од пројавата на интерес, поделбата и ентериерното уредување на просторот. Целта ни е, потенцира, на овој простор да му дадеме една раздвиженост.
