Министерството за правда ги токми измените на Изборниот законик
Откако Уставниот суд укина два члена на Изборниот законик, на потег е Собранието да ја пополни правната празнина и да го регулира начинот на кој независните кандидати и листи ќе учествуваат на изборите. Министерството за правда веќе работи на измените. Ресорот очекуваат тие да се усвојат што е можно поскоро...

Министерството за правда ги токми измените на Изборниот законик за да можат и независните кандидати и листи да влезат во трката за локална власт. Од ресорот очекуваат Собранието да ги прифати нивните предлози, иако како што велат – за тоа ќе биде потребен поширок политички консензус.
Подносителката на иницијативата, поранешната пратеничка Лилјана Поповска оцени дека со изборот на повеќе независни пратеници се јакне демократијата, а тоа според неа – ќе влијае и големите политички партии да применат повеќе непосредна демократија и поголема отвореност кон граѓаните.
Уставниот суд укина два члена од Изборниот законик со кои независните кандидати и листи, ако сакаат да учествуваат на изборите, требаше да обезбедат потписи во висина од најмалку 1 процент од запишаните избирачи во општината или изборната единица.
Сега на потег е Собранието да усвои нови измени на Изборниот законик за да може независните кандидати и граѓански листи да учествуваат на локалните избори.
Анита Димитријевска – Велковска
