Почна одбележувањето на Денот на АРМ

14.08.2014 13:15

Одбележувањето на Денот на македонската армија ќе продолжи со средби на министерот Зоран Јолевски и началникот на генерал штабот генерал потполковник Горанчо Котески со поранешните началници на генералштабот на АРМ...

Почнa одбележувањето на Денот на армијата, 18-ти август. По тој повод на градските гробишта во Бутел, министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на генералштабот генерал Горанчо Котески, со воени почести положија венци на партизанските гробишта, на последните почивалишта на претседателите Борис Трајковски и на Киро Глигоров и на првиот командат на Македонската војска, генерал Михаило Апостолски.

Одбележувањето на Денот на македонската армија ќе продолжи со средби на министерот Зоран Јолевски и началникот на генерал штабот генерал потполковник Горанчо Котески со поранешните началници на генералштабот на АРМ и со  вработените во Армијата и во Министерството за одбрана.

Централната свеченост на Денот на македонската армија ќе се одржи на 18-ти август на воениот стадион во Охрид.