Економија

Министерката за финансии на средба со раководството на Стопанската комора

22.05.2025 15:44

Славески ќе ги исполни нашите очекувања, уверен е првиот човек на стопанската комора. Сепак, договорот со обединетото кралство ги разбуди апетитите на домашните бизнисмени. Компаниите бараат, најголемиот дел од работите на проектите тие да ги извршуваат...

Немаат против предлогот за нов гувернер, но домашните компании бараат да се присутни со најмалку 70% од извршувањето на работите во новите проекти и инвестиции меѓу Македонија и Oбединетото Kралство во рамки на стратешкото партнерство. Ова е ставот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, по средбата со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Според бизнисот, компаниите засега се задоволни од работата на Владата, иако во дел од проектите имало побавно одвивање на работите.

Димитриеска-Кочоска рече дека дел од британските пари ќе се користат за изградба на пруга којашто ќе ги поврзе Табановце со Гевгелија, завршување на Клиничкиот центар во Штип, како и изградба на болницата во Кичево.

Бизнисмените сметаат дека предвидливоста мора да е во фокус, оти само така економијата ќе оди напред и ќе застане на здрави нозе.

Стопанствениците сметаат и дека извозот е клучна алка, односно алфа и омега за натамошен развој за македонскиот бизнис.

 

Борис Грујоски