евроинтеграции

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, во посета на земјава

23.05.2025 08:03

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас денеска е во Македонија. Посетата е дел од нејзината тридневна турнеја низ Западен Балкан, за време на која таа ќе ја потврди посветеноста на Унијата кон регионот и ќе пренесе пораки за приоритетите на Европа во надворешната политика и безбедноста...

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас денеска е во Македонија. Посетата е дел од нејзината тридневна турнеја низ Западен Балкан, за време на која таа ќе ја потврди посветеноста на Унијата кон регионот и ќе пренесе пораки за приоритетите на Европа во надворешната политика и безбедноста.

Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со членовите на Владата, по што ќе следи прес-конференција. Заедно со шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, ќе учествува на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и нашата земја во Министерството за надворешни работи.

Попладне ќе ја посетат балканската медицинска наменска сила во касарната „Илинден“, каде што ќе се сретнат со членовите и ќе видат дел од опремата набавена со поддршка на европскиот мировен фонд од 6 милиони евра за обезбедување медицинска опрема и теренски болници.