Засилени борби на украинскиот фронт
Во момент на засилени борби на украинскиот фронт, рускиот претседател Путин по владиниот состанок, реши да создаде безбедносна тампон-зона долж руско-украинската граница.

Во момент на засилени борби на украинскиот фронт, рускиот претседател Путин по владиниот состанок, реши да создаде безбедносна тампон-зона долж руско-украинската граница.
„Имајќи ги предвид нападите со беспилотни летала, акциите на саботажните и извидувачките групи, жени и деца кои се убиени и повредени – веќе реков, донесена е одлука за создавање на потребната безбедносна тампон-зона по должината на границите“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Агресивните изјави на Путин ги отфрлаат мировните напори и покажуваат дека тој е единствената причина за продолжување на војната-вели украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Киев повика на зголемен притисок врз Русија.
„Светот гледа дека Русија е виновна што војната сè уште трае. Украина е подготвена за најбрзите можни чекори – вистински прекин на огнот и воспоставување нова безбедносна архитектура. Ние работиме од наша страна. Она што е потребно е подготвеноста од Русија. Таа сега ја нема, и без глобален притисок, ова нема да се промени“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во истовреме Киев и Москва разменија списоци од илјада воени заробеници како подготовка за престојната размена договорена за време на директните преговори во Истанбул.
