Атлетика

Пандев на 29-то место

14.08.2014 13:45

Нашиот атлетичар Ристе Пандев имаше 29-то време во конкуренција на 31 натпреварувач во трката на 200 метри на Европското првенство. На тартанот во Цирих Пандев трчаше во првата квалификациска група, беше осми, а патеката ја мина за 21 секунда и 96 стотинки што не е негов личен рекорд. Најдоброто време на Пандев во оваа дисциплина е 21.65.

Претходно, на европскиот шампионат Македонија ја претставувашее Христина Ристеска, која на 400 метри истрча личен рекорд, што не беше доволно за да обезбеди учество во полуфиналето. 