Блиски Исток

Оддавање почит на убиените израелски службеници

23.05.2025 08:21

Нетанјаху нападот го поврзува со антисемитизмот и нападите на Хамас од 7 октомври, повикувајќи ги меѓународните лидери кои вршат притисок врз него поради хуманитарната ситуација и засилената офанзива во Газа, да не ги охрабруваат терористите...

Стотици луѓе пред Белата куќа им оддаваат почит на двајцата вработени во израелската амбасада кои беа убиени во терористички напад пред портите на Еврејскиот музеј во Вашингтон.

„Ова беше кулминација на дехуманизирачки јазик што се користи за да се зборува за конфликтот во Израел помеѓу Израел и Хамас“, изјави Рејчел Фајнштајн, советник за федерални односи со еврејската заедница.

Нетанјаху нападот го поврзува со антисемитизмот и нападите на Хамас од 7 октомври, повикувајќи ги меѓународните лидери кои вршат притисок врз него поради хуманитарната ситуација и засилената офанзива во Газа, да не ги охрабруваат терористите.

„Им реков на Макрон, Карни и Стармер. Можеби мислите дека го унапредувате мирот, но го охрабрувате Хамас да продолжи да се бори засекогаш давајќи им надеж да воспостават втора палестинска држава од која тие повторно ќе се обидат да нападнат. Имајте предвид, тоа нема да биде држава без Хамас. Кога ќе воспоставете палестинска држава, радикалите ќе ја преземат, Иран ги испраќа и тие преземаат“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Во истовреме тензиите во регионот ескалираат. Ракетен напад од Хутите ги огласи сирените во Израел. Запалени куќи од доселеници на Западниот Брег. Во Газа нови десетици жртви во израелските бомбардирања од изутрината. Ракети на Израел таргетираа и градови во јужен и источен Либан. Во однос на хуманитарната ситуација во енклавата, Тел Авив тврди дека камионите со помош непречено влегуваат.