САД
Забрана за Харвард да запишува странски студенти
23.05.2025 08:25
Универзитетот создал небезбедна средина дозволувајќи им на антиамерикански протерористички агитатори да напаѓаат еврејски студенти на кампусот-велат од Министерството за внатрешна безбедност...

Трамп го укинува правото на Харвард да запишува меѓународни студенти, поради непочитување на законот. Универзитетот создал небезбедна средина дозволувајќи им на антиамерикански протерористички агитатори да напаѓаат еврејски студенти на кампусот-велат од Министерството за внатрешна безбедност.
Илјадници тековни студенти ќе мора да се префрлат на други универзитети или да ја напуштат земјата. Од Харвард одлуката ја нарекоа нелегална.
Според официјалните податоци, околу 7.000 меѓународни студенти биле запишани на Универзитетот минатата година.
