Мароко

Гаши денеска и утре ќе учествува на Економскиот парламентарен форум во Мароко

23.05.2025 08:55

Африм Гаши денеска и утре ќе учествува на Економскиот парламентарен форум на земјите членките на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПАМ), кој ќе се одржи во Маракеш, Мароко.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска и утре ќе учествува на Економскиот парламентарен форум на земјите членките на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПАМ), кој ќе се одржи во Маракеш, Мароко.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на настанот ќе учествуваат и пратениците Сали Мурати, Калтрина Беќири и Дафина Стојаноска, членовите на Делегијата на ПСМ во Собранието на Република Северна Македонија. Основни теми на Форумот се: Еволуцијата на меѓународната трговија и финансиите во регионот; Енергетската адаптација како повеќедимензионален пристап кон одржлив развој; Развојот и управувањето со вештачката интелигенција, со посебен акцент на улогата на парламентите во нејзината примена и регулација.

Во текот на своето учество на настанот, претседателот Гаши се очекува да оствари повеќе билатерални средби, со цел унапредување на соработката и размена на ставови по актуелни прашања.