Иран - САД

Во Рим петта рунда разговори меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма

23.05.2025 10:01

На маса американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Оман посредува меѓу двете земји.

Во Рим петта рунда разговори меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма. На маса американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Оман посредува меѓу двете земји.

САД бараат Иран целосно да го запре збогатувањето ураниум, Техеран го отфрла барањето.

Иако Иран, покажа подготвеност за повторно ограничување на нуклеарната програма, сепак по состанокот во Мускат, се појавија значителни разлики. Експертите велат дека преговорите сега се во критична фаза.