Фудбалерите паднаа за две места
На врвот на листата е светскиот првак Германија, пред мундијалскиот финалист Аргентина и Холандија...

Македонската фудбалска репрезентација падна за две позиции на најновата ранг – листа на ФИФА. Сега сме 76-ти, што значи дека во квалификациите за Европското првенство во Франција ќе влеземе како четврта селекција во нашата група. Во неа прв фаворит е Шпанија, која е седма светска сила. Токму со неа, на осми септември во Валенсија ќе го одиграме првиот натпревар во новиот циклус. Украина е на 22-то место, Словачка е 45-та, а зад нас се Белорусите, на 88-то место и Луксембург кој е 109-ти.
На врвот на листата е светскиот првак Германија, пред мундијалскиот финалист Аргентина и Холандија. Во првата петка се и Колумбија и Белгија, а до десеттата позиција се распределени Уругвај, Шпанија, Бразил, Швајцарија и Франција.
