Конте – селектор на Италија?
Според „Газета дело спорт“, Антонио Конте ќе биде новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Поранешниот тренер на Јувентус ќе потпише двегодишен договор и ќе го води националниот состав во квалификациите за Европското првенство, пишува престижниот спортски весник. Се верува дека Италијанската фудбалска федерација постигнала согласност со спонзорите Конте да седне на селекторското столче, на местото на Чезаре Прандели кој поднесе оставка откако не успеа да ја мине групата на Светскиот шампионат во Бразил.

Според „Газета дело спорт“, Антонио Конте ќе биде новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Поранешниот тренер на Јувентус ќе потпише двегодишен договор и ќе го води националниот состав во квалификациите за Европското првенство, пишува престижниот спортски весник. Се верува дека Италијанската фудбалска федерација постигнала согласност со спонзорите Конте да седне на селекторското столче, на местото на Чезаре Прандели кој поднесе оставка откако не успеа да ја мине групата на Светскиот шампионат во Бразил. „Газета“ соопштува дека платата на Конте ќе биде 1,8 милиони евра годишно, но ниту една од овие информации официјално не ги потврди некој од италијанските фудбалски челници.
45-годишниот Конте летово замина од Јувентус затоа што не му се допадна клупската политика во насока на засилувањата. Како предводник на клубот од Торино тој освои три последовни шампионски титули во Серија А.
