Лишен од слобода возач во валандовско, возел со брзина од 97 км/час на место каде е дозволено 40
Вчера во 09.30 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода А.Р.(33) од село Банско, струмичко

Вчера во 09.30 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода А.Р.(33) од село Банско, струмичко, информираат од МВР.
При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека А.Р. управува моторно возило со брзина од 97 километри на час на место каде што брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во сопштението.
