Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите
Реализацијата на проектите ќе биде поддржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигурат квалитетната и навремена реализација на проектите, а од друга страна ќе го подигнат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за МРТВ...

Реализацијата на проектите ќе биде поддржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигурат квалитетната и навремена реализација на проектите, а од друга страна ќе го подигнат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за МРТ.
Тој најави дека во делот на изградба на брзата железница, ќе се добие техничка поддршка од компанија од Велика Британија која го градела најсофистицираното дигитализирано метро во Лондон.
„При секоја посета на Лондон многу разговарам во делот на техничката поддршка, тоа е нешто што е многу значајно, нешто што значи искуство и знаење и за мене тоа е еднакво важно како и финансиската компонента. Во однос на железницата разговараме да добиеме техничка поддршка од најсилната компанија во Велика Британија, се работи за „Crossrail“. Тоа е компанијата која ја изгради најновата и најдолгата линија во Лондон, првата дигитализирана метро линија во овој дел од светот, тоа е метро-линијата „Елизабет“ која е крстена по Кралицата Елизабета. Така што зборуваме за тој вид на експерти и зборуваме за проект од 20 милијарди фунти, значи само овој проект е 4 пати поскап од тоа што ние имаме како аранжман. Со тој профил на луѓе преговараме да дојдат да ни помогнат затоа што таквата помош е двонасочна. Едно е краткорочна, бидејќи имате сигурна и квалитетна реализација на проектот, а второ обучувате кадри за во иднина. На Македонија и фалат добро обучени кадри со искуство. За жал заради годините на девастација би рекол и во децениите, во Македонија градежниот сектор скоро и да колабираше, голем број на фирми банкротираат и јас се надевам дека со ова ќе ги внесеме во фаза каде повторно ќе бидат меѓународно конкурентни какви што беа во едни претходни времиња и затоа овој аспект за пренесување на знаења е многу значаен“, истакна вицепремиерот Николоски.
