Одбележување

УКИМ одбележува 76 години од основањето и патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј

23.05.2025 14:34

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со свечености ја одбележува 76-годишнината од основањето. Го прославува патрониот празник Денот на Светите Кирил и Методиј – 24 мај…

Помогнете каде што можете, бидете светло за следните генерации. Заедницата се гради со мали чекори, но секој од нив почнува од поединецот. Порака од претседателот на Универзитетското студентско собрание на 76-годишнината од постоењето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Денес УКИМ брои 23 факултети, 5 научни институти, над 2.000.000 дипломирани студенти, илјадници магистри и доктори на науки. Овој ден потсетник на една долга и вредна историја. На генерации професори, студенти и научници кои го трасираа патот на знаењето, напредокот и општествениот развој на нашата држава, порача ректорката Билјана Ангелова.

Мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј е темел на европската културна историја, инспирација на мисијата на УКИМ.

Награди за најдобрите студенти за учебната 2023 – 2024 година, со порака до нив дека знаењето кое го стекнале на УКИМ, не е доволно, но претставува основа за сите нивни клучни компетенции.

Александра Спировска