Економија

Домашните компании очекуваат со законски измени да им се овозможат олеснителни услови за да бидат поконкурентни

23.05.2025 16:18

Домашните компании подготвени чекаат голем дел од колачот за работа на проектите. Но, апелираат со законски измени да им се овозможат олеснителни услови за да бидат поконкурентни...

Градежниот сектор очекува олеснителни околности при тендерските постапки за да им бидат конкурентни на странските компании во градење на инфраструктурните проекти. Имаат капацитет, но потребни им се искуства и знаења во делот на изградбата и реконструкцијата на пруги за МТВ, вели Андреа Серафимовски од Здружението на градежници.

Час поскоро да се искористи геостратешката положба и да се изгради делот од Коридорот 10 железничкиот сообраќај од Табановце до Гевгелија за да не останеме слепо црево, сугерираат економистите. Договорот со Обединетото Кралство ќе обезбеди брзи и евтини пари за капитални инвестиции кои ќе придонесат за зголемување на растот.

Со првата транша треба да се обезбедат 2 милијарди евра. Еден од ризиците е работната сила.

 

Александра Велинова