„Таен клиент“: АВРМ со најголем напредок
АВРМ има најголемиот пораст во рангирањето во споредба со минатата година, кога била на шестото место од вкупно девет институции...

Агенцијата за вработување е една од најдобро оценетите институции од граѓаните во рамките на проектот „Таен клиент“. Од 11 институции, таа е на второто место. Граѓаните се задоволни од услугите, но секогаш има простор за тие да се подобрат.
АВРМ има најголемиот пораст во рангирањето во споредба со минатата година, кога била на шестото место од вкупно девет институции.
„Најдобри резултати се постигнати поради односот на вработените во повеќето подрачни единици кој е позитивно оценет од граѓаните. Добро е што вработените се љубезни и коректни кон граѓаните“, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски кој ја посети денеска Агенцијата.
Севкупно најслаби резултати има во подрачните единици во Куманово, Струмица и Битола, додека најдобри резултати имаат Неготино и Валандово.
Директорот на АВРМ, Влатко Поповски најави дека во наредниот период 13 подрачните единици ќе бидат првично реновирани со грант од Европската унија.
Во тек е постапка за промена на објектот во Кратово каде што добивме еден објект од Владата на Република Македонија и што ќе биде ставен во функција до крајот на оваа година, изјави Поповски.
