Евроинтеграции

Високата претставничка на ЕУ, Калас во Скопје

23.05.2025 17:16

Работиме на деблокада на евроинтегративниот процес, од Скопје порача високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Механизмот ќе се бара на самитот на НАТО во Хаг. Аргументи има, разговори со сите на маса – категоричен премиерот Мицкоски...

Постојат пречки за продолжување на преговорите за Македонија, но имаме механизми како да се надминат за да се откочи процесот, од Скопје порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Не откри детали како би се надминал цврстиот став на Бугарија, но една од опциите е медијаторство на ЕУ, НАТО, САД, на самитот на НАТО при крајот на јуни во Хаг. Калас рече, засега нема план б, се работи на планот а, кој веќе е усвоен со преговарачката рамка.

Бараме само фер однос како сите досегашни кандидати, ЕУ да помогне по сите отстапки што Македонија ги направи на патот кон членство, рече премиерот Мицкоски.

Во МНР се одржа првиот дијалог за мир и одбрана во рамките на потпишаното партнерство со ЕУ за мир и одбрана. Остануваме посветени да придонесуваме за безбедноста во регионот и 100-процентната усогласеност со европската надворешна политика, рече шефот на дипломатијата Муцунски.

Високата претставничка Калас на дијалогот во МНР истакна деке сè уште е достижна 2030-та за членство на земјава во Унијата доколку се отстрани пречката од Бугарија.

 

Ирина Гелевска