Политика
Уште еден пратеник му откажа верност на Таравари
24.05.2025 09:47
Муса на Фејсбук објави дека мандатот го добила од граѓаните кои биле изморени од 20-годишното владеење на ДУИ и оти не може да ја изневери нивната доверба.

Уште еден пратеник му откажа верност на лидерот на Алијансата за Албанците, Таравари. Од ВРЕДИ не го кријат задоволство.
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане во пратеничката група на ВРЕДИ, оценувајќи ја како храбар чин со висок политички интегритет.
Муса на Фејсбук објави дека мандатот го добила од граѓаните кои биле изморени од 20-годишното владеење на ДУИ и оти не може да ја изневери нивната доверба.
Со ова, ВРЕДИ ќе брои 11 пратеници, а крилото на Таравари остана само со тројца.
