Нов масовен напад врз Киев
Градоначалникот Кличко рече дека остатоци од беспилотни летала паднале врз трговски центар и станбена зграда во областа оболон во главниот град.

Русија изврши нов масовен, комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз Киев. Голем број луѓе се повредени, а многу жители побараа засолниште во подземните станици на метрото.
Градоначалникот Кличко рече дека остатоци од беспилотни летала паднале врз трговски центар и станбена зграда во областа оболон во главниот град.
Ноќниот руски напад се случи неколку часа откако Москва и Киев започнаа голема размена на затвореници, во првата фаза за која двете страни се согласија на состанокот во Истанбул минатата недела.
Русија е спремна да ѝ го предаде на Украина нацрт-документ со условите за долгорочен мировен договор, изјави рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров.
