ЕВРОПА
17 повредени во нападот со нож во Хамбург, четворица се во животна опасност
24.05.2025 09:55
Полицијата тврди дека нападот нема политички мотиви.

Жена вооружена со нож нападна патници на еден од пероните на централната железничка станица во Хамбург, повредувајќи 17 луѓе. Четири се во критична, а шестмина во тешка здравствена состојба, соопштија германските власти.
Полицијата тврди дека нападот нема политички мотиви.
Станицата во центарот на Хамбург, вториот по големина град во Германија, претставува важна крстосница за локални, регионални и меѓуградски возови.
Германија беше сведок на неколку масовни напади со нож во последните години.
