Свет
Најавените царини на Трамп за Брисел се закана
24.05.2025 12:05
Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович смета дека трговијата меѓу САД и ЕУ мора да се води од заемно почитување, а не од закани.

Најавите на американскиот претседател Трамп за царини од 50 насто за стоки од Европската унија од почетокот на јуни, за Брисел се закана.
Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович смета дека трговијата меѓу САД и ЕУ мора да се води од заемно почитување, а не од закани.
Унијата останува посветена на постигнување договор во интерес на двете страни, но комесарот за трговија Ланге истакнува и дека ЕУ е подготвена да ги брани своите интереси и ако е потребно ќе се воведат контрацарини.
