Протест „Одиме повторно за Кочани“
Организаторите упатија порака дека ова не е само протест, туку чин на поддршка, сочувство и заедништво, апелирајќи на мирно и достоинствено изразување на ставовите.

Попладне, во 16:05, кај Паркот на револуцијата во Кочани, протест на најблиските на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, под мотото „Oдиме повторно за Kочани“, со поддршка и од граѓанската иницијатива „Кој е следен“.
Организаторите упатија порака дека ова не е само протест, туку чин на поддршка, сочувство и заедништво, апелирајќи на мирно и достоинствено изразување на ставовите.
Утре пак во седум градови во земјава ќе се одржи хуманитарна трка „Сите за Кочани- трчаме заедно“. Настанот во Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово има за цел да собере средства за погодените од неодамнешната трагедија во Кочани.
