Пазар на труд
Компаниите бараат стручни работници
24.05.2025 12:24
Стопанството уште ги чека потребните занимања и профили. Средното стручно образование дел испорачува, но неопходни се нови занимања. Потребна е и едукација за значењето на потребните кадри за пазарот на трудот …

Дел занимања ги задоволуваат потребите. Дополнителната опременост со роботика и индустриска автоматика ја зголемува можноста да се одговори на потребите на пазарот на трудот. Посебно за странските и домашни компании кои инвестираат.
Стопанството се изјасни дека недостасуваат занимања. Се враќа занимањето бравар, но мора да се воведат и други профили и да се зголеми интересот за нивно изучување.
Во прилепското електромашинско училиште се спроведува дуално образование по германски и македонски модел.
Елизабета Митреска
