Македонија

Струмичките градинки оставени без кадар

24.05.2025 14:10

Струмичките детски градинки не добија ниту една согласност за вработување иако во изминативе 12 месеци, 15 лица се пензионирале. Под знак прашање е приемот и одржување на постоечкиот број на деца од септември, оти нема персонал…

Градинката „Детска Радост“ од Струмица е принудена да затвора одредени групи и на есен да не прима дечиња бидејќи нема персонал. Околу 15 негувателки, воспитувачки и друг кадар последниве 12 месеци се пензионирале, а од Владата не се добиени согласности за вработување по основ на испразнети работни места.

Во иста состојба е и градинката „Виножито“. Таму има просторни услови за запишување дополнителни 70 дечиња, но согласности за вработувања не се добиени.

Двете градинки вчера од Министерството за финансии добиле известувања дека пари за вработување не се обезбедени. За проблемот се расправаше и на Советот на Општина Струмица, кој апелираше до Владата да не се дискриминира Струмица.

Ване Трајков