Македонија

Македонските граѓани зависни од никотин

24.05.2025 15:04

Македонските граѓани зависни од никотин. Дури 70 проценти од адолесцентите пробале цигари. Во земјава функционираат и советувалишта за одвикнување …

Дури 45 проценти од возрасната популација во Македонија е зависна од цигари, велат истражувањата. Со три бајпаса му се одразила оваа штетна „навика“ на битолчанецот Димитриевски, којшто со години ги шетал болничките ходници.

„Канцер на бели дробови и органите за дишење, но поттикнува и рак на органите за варење. Оваа тешка психичка зависност е предизвикана од никотинот и постепено ги оштетува сите органи“, нагласува доктор Тодоровски.

Најголеми „жртви“ на тутунската индустрија се младите, покажуваат статистиките. Најмладиот таргетиран ученик имал само десет години.

Индекс на зависност од пушење, фагестромов тест или индекс на никотинска зависност-во Советувалиштето за одвикнување од цигари при Центарот за јавно здравје во Битола преку таблетарна и психолошка поддршка се врши лекување од оваа сериозно штетна зависност.

Ружица Аџикотарева-Ѓоршевска