Случај „Онкологија“

Јавното обвинителство вложи жалба на одлуката за куќен притвор за Васев и Нухи

24.05.2025 12:44

Јавниот обвинител бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка, стои во соопштението.

Јавното обвинителство вложи жалба на решението на Кивичниот суд да определи куќен притвор за екс- директорите Нино Васев и Нехат Нухи, обвинети во предметот „Онкологија“. Јавниот обвинител бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка, стои во соопштението.

Од Обвинителството додаваат дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита.