Здравство
ИЈЗ: Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници
24.05.2025 14:38
Заразените се во добра состојба. За здравствените работници е изработен водич со препораки и патеки на движење за сомнителните случаи. Отворени се две телефонски линии за консултации со граѓани и здравствени работници.

Епидемиолозите на Институтот за јавно здравје ги проверија контактите на двајцата заразени со мајмунски сипаници. Немаат никакви симптоми на заболувањето. Нема нови сомнителни случаи што се испратени на тестирање, ниту нови позитивни.
Заразените се во добра состојба. За здравствените работници е изработен водич со препораки и патеки на движење за сомнителните случаи. Отворени се две телефонски линии за консултации со граѓани и здравствени работници.
Засега, ризикот за ширење на болеста останува низок, уверуваат од Институтот.
