Сан Лоренцо јужноамерикански шампион
Аргентинскиот клуб Сан Лоренцо триумфира во Копа Либертадорес, откако во реванш финалната пресметка го совлада парагвајскиот Национал со 1 : 0. На исполнетите трибини на стадионот “Педро Бидегаин“ во Буенос Аирес пред околу 45.000 гледачи, решавачкиот момент се случи во 36 минута, со удар од белата точка. Интересно, стрелецот на голот е Парагваецот во дресот на Сан Лоренцо Нестор Ортигоза, кој биеше прецизно во мрежата на Оскар Игнасио Дон, агрентински голман во гостинската екипа.

Аргентинскиот клуб Сан Лоренцо триумфира во Копа Либертадорес, откако во реванш финалната пресметка го совлада парагвајскиот Национал со 1 : 0. На исполнетите трибини на стадионот “Педро Бидегаин“ во Буенос Аирес пред околу 45.000 гледачи, решавачкиот момент се случи во 36 минута, со удар од белата точка. Интересно, стрелецот на голот е Парагваецот во дресот на Сан Лоренцо Нестор Ортигоза, кој биеше прецизно во мрежата на Оскар Игнасио Дон, агрентински голман во гостинската екипа. Со оглед на тоа што првиот меч во Асунсион заврши 1 : 1, со вкупни 2 : 1 Сан Лоренцо го освои најзначајниот клупски трофеј во Јужна Америка, за нив прв во 106 годишната историја.
Со тоа тие по четиригодишна доминација на бразилските клубови го вратија приматот во Копа Либертадорес, кој е “пан дан“ на Лигата на шампионите на УЕФА, и станаа осми клуб од Аргентина со ваков триумф. Интенпедиенте е сеуште неприкосновен со 7 титули, една повеќе од Бока Јуниорс, а клубовите од Аргентина вкупно имаат 23 трофеи, сега 6 повеќе од ривалите од Бразил. Екипата на Сан Лоренцо која има 15 шампионски круни во својата земја, благодарение на успехот во Копа Либертадорес обезбеди учество на Светското клупско првенство на ФИФА, кое традиционално се одржува на почетокот на декември, а каде што засега е познато дека европски репрезент ќе биде Реал Мадрид.
