Нов марш во Кочани

Се бара неселективна правда и најстроги казни за одговорните за трагедијата

24.05.2025 19:30

Попладнево во Кочани, нов марш за загинатите и повредените. Се бара неселективна правда, најстроги казни за одговорните за трагедијата, подобри услови за лекување на повредените…

„Нашиот молк е гласот на оние што трагично заминаа во огнот, молк кој зборува повеќе од 1.000 зборови, ама нема да трае вечно како судењето“ – порачаа родителите на загинатите во трагедијата во Кочани.

По седми пат „Марш на ангелите“. Поворката се одвиваше од Паркот на револуцијата, преку полициската станица, општинската зграда, до судот и обвинителството во Кочани. Родителите со слики од трагично загинатите чеда, со солзи во очите, бараат правда.

Во врска со „поканата“ од обвинителството да одат во Обвинителство следната недела и да пријават доколку имаат некакви докази, родителите рекоа: ако има други осомничени ќе отидеме, ако не, нема што да не влечат по институции, нас никој не нè викнал, ниту ни се јавил, тие треба да си истражуваат, порачаа родителите од собирот.

Игор Панов