Дипломатија

Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор

25.05.2025 09:02

Шефот на дипломатијата ќе учествува и на панел-дискусија, посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан. Посебен акцент на настанот ќе биде ставен на значењето на Дејтонскиот договор за постигнување и зачувување на мирот...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на конгресменот Мајкл Тарнер, шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО ќе престојува во Дејтон, Охајо, на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.

Шефот на дипломатијата ќе учествува и на панел-дискусија, посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан. Посебен акцент на настанот ќе биде ставен на значењето на Дејтонскиот договор за постигнување и зачувување на мирот во Босна и Херцеговина, како и на неговата поширока улога за стабилноста на целиот регион.