Македонија

Хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

25.05.2025 09:14

Сите приходи ќе бидат наменети за поддршка на жртвите во пожарот во кочанскиот клуб.

Денеска во седум градови во државата ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележувањето на Денот на Европа, насловена како „Сите за Кочани- трчаме заедно“. Сите приходи ќе бидат наменети за поддршка на жртвите во пожарот во кочанскиот клуб.

„На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани. „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“ е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност“, наведуваат од Делегацијата на ЕУ.

Вчера пак на „Маршот на ангелите“ во Кочани, семејствата побараа неселективна правда, најстроги казни за одговорните за трагедијата, но и подобри услови за лекување на повредените.