На повредените во Кочани им претстои долг процес на лекување
Државата да обезбеди соодветен медицински третман на повредените во пожарот во Кочани, но и финансии за помош на нивните семејства – бараат од иницијативата „Сапорт Кочани“. Потребен е медицински кадар во кочанската болница и соодветни услови за долготрајниот процес на лекување на пациентите со изгореници и ампутации…

Финансиска и медицинска помош за повредените во Кочани сега е повеќе од потребна. На голем дел од повредените на кои им заврши болничкиот третман им претстои долг процес на лекување. Државата да обезбеди соодветен медицински третман и финансии, апелираат од „Сапорт Кочани“. Во моментот околу 110 пациенти со изгореници секојдневно се третираат во кочанската болница, а 18 сè уште се во нашите и болниците во странство.
Лекувањето го врши медицински кадар од кочанската болница со помош на лекари од скопските клиники. Директорката вели, зголемен е бројот на пациенти на сите одделенија каде и претходно, а сега уште повеќе се чувствува недостиг на медицински сестри.
Деновиве лекарски тимови од скопските клиники вршеа евалуација на состојбата на пациентите во болницата во Кочани. Дел од пациентите го истакнаа проблемот со набавка на лековите и завоите кои ги набавуваат во странство со сопствени средства.
Славица Величковска
