Јанукович во Москва – Украина врие
Украинската опозиција ја блокираше сесијата на Врховната Рада на која требаше да се гласа за доверба на владата. Спикерот на Парламентот се повлече кога пратениците ја окупираа бината и побараа предвремени избори, пред денешната средба на претседателот Јанукович со рускиот колега Путин во Москва.
„Претседателот на тркалезната маса рече дека не се плаши од вонредни избори. Тогаш нека излезе на фер избори. Убедени сме дека може да се одржат во март“, порача лидерот на опозициската партија Удар, Виталиј Кличко.

Демонстрантите цврсто стојат на барикадите во Киев и бараат оставка од Јанукович за земјата да ги поправи односите со Брисел, по суспензијата на договорот за асоцијација и слободна трговија со Украина. Го обвинуваат претседателот за корупција и дека по неуспешниот обид да добие 20 милијарди евра од Брисел, сега оди по пари во Москва.
„Очекува Путин да му даде пари затоа што нема да може да земе за себе од тие на Европската унија. Европските пари ќе бидат контролирани, а руските не“, обвинуваат демонстрантите.
На врвот на агендата на средбата во Москва е заемот што се очекува Јанукович да го побара од Путин - 10 милијарди евра за да ја извлече земјата од економскиот хаос, на што Кремљ вчера сигнализираше дека би се согласил. Киев и должи на Москва и дополнителни 12 милијарди евра за потрошен гас.
Поради стравот од преголемо влијание од Кремљ, дури и од Партијата на регионите на Јанукович бараат реконструкција на владата и го обвинуваат дека и ја продава земјата на Русија.
Ивана Салтировска