Животна средина

Нефункционален систем за справување со отпадот

25.05.2025 16:30

Македонија се дави во смет. Од година на година се зголемува обемот на комунален отпад, а голем дел од него завршува на нестандардни депонии. Земјава нема функционален систем за справување со проблемот …

Количините на отпад во последните години енормно се зголемува, а со тоа и потребата од што поскоро воспоставување на современи регионални центри за управување со отпад.

Во битолскиот регион повеќе од 40 години постои нестандардната депонија Мегленци, која по сите основи ја загадува животната средина, а на која годишно завршуваат околу 30 илјади тони комунален отпад. На оваа локација предвидена е изградбата на една од петте регионални депонии, која ќе опслужува 18 општини од Југозападниот регион.

Граѓаните бурно реагираа на изградбата на овој модерен центар за отпад, скептични се дека ќе функционира по сите стандарди. Експертите велат-досегашниот начин на справување со отпадот, мора да се промени. Потребна е поголема транспарентност и јавно говорење за придобивките од овој проект.

Еден од условите за приближување кон Европската унија, е државите од Западен Балкан да ги исполнат барањата од европскиот Зелен договор и да постигнат климатска неутралност.

Според податоците на Државен завод за статистика, во Македонија пред 10-тина години, создаден отпад по жител изнесува 370 килограми, во 2023-та оваа бројка се зголемила на 503 килограми на годишно ниво.

Александра Максимовска