Македонија

МВР: Кривични пријава против четворица скопјани за изнуда и лихварство

25.05.2025 12:55

Двајца од осомничените се затвореници во Идризово, кои со користење на незаконски стекнати мобилни телефони од мајка на друг затвореник побарале месечно да им исплаќа 1.200 евра за нејзиниот син да добие наводни гаранции и заштита во затворот и подобри услови за сместување.

Полицијата поднесе кривични пријава против четворица скопјани за изнуда и лихварство. Двајца од осомничените се затвореници во Идризово, кои со користење на незаконски стекнати мобилни телефони од мајка на друг затвореник побарале месечно да им исплаќа 1.200 евра за нејзиниот син да добие наводни гаранции и заштита во затворот и подобри услови за сместување.

Тие преку видео повици и покажувале на жената како насилно се однесувале кон нејзиниот син, уценувајќи ја дека доколку не им даде пари ќе продолжат да го малтретираат.

Потоа, браќата на двајцата осомничени пристигнале во Струмица на средба со мајката, на која таа требало да им даде пари. Парите биле обележани, по што двајцата се уапсени и им е одреден куќен притвор.

Во ќелиите на двајцата осуденици во Идризово е извршен претрес, а телефоните им се одземени.