Отфрлена иницијативата за лидерска средба
Од владејачката партија сметаат дека нема потреба за разговори со опозицијата, одговарајќи му на Филипче дека тој може да разговара со неговите коалициски партнери.

ВМРО-ДПМНЕ експресно ја отфрли иницијативата на претседателот на СДСМ за лидерска средба. Од владејачката партија сметаат дека нема потреба за разговори со опозицијата, одговарајќи му на Филипче дека тој може да разговара со неговите коалициски партнери.
Филипче најави дека на состанокот на националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието ќе иницира конкретен предлог за лидерска, на која би се разговарало за теми во интерес на државата. Смета дека Владата нема концепт и оди во погрешна насока во однос на евроинтеграциите.
Претседателот на Владата на одбележувањето на делото на сесловенските браќа во Охрид повика на единство. За да се направи исчекор напред, потребно е градење на државно и национално единство и подавање рака и клучна согласност за најважните прашања за татковината, потенцира Мицкоски.
Првата средба на премиерот и лидерот на СДСМ се одржа пред месец ипол, а која резултираше со конкретен договор за формирање заеднички работни групи кои ќе работат на усвојувањето на реформската агенда и првичните закони кои треба да стигнат во Собранието, во делот на правосудството, енергетиката и здравството.
Милчо Велески
